Сателитските снимки покажуваат нова масовна гробница во близина на Мариупол

Сподели со своите пријатели

Американската компанија „Maxar Technologies“ објави нови сателитски фотографии на кои се гледа изгледот на втората масовна гробница во Винохрадно, село кое се наоѓа во близина на Мариупол.

Loading...

 

 

Како што се наведува, фотографиите кои ги објави Максар покажуваат проширување на неколку долги ровови во текот на минатиот месец, кои најверојатно ќе станат нови гробници.

Максар верува дека овие гробови биле ископани помеѓу средината на март и средината на април.

 

Loading...

 

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Анриушенко, претходно објави информација за уште една масовна гробница која се наоѓа во близина на овој град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?