По одржаниот голем концерт во Барселона, не е откриено ширење на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Научниците во Шпанија не најдоа докази за зголемено ширење на инфекцијата меѓу луѓето кои учествуваа на голем истражувачки концерт минатиот месец.

Loading...

Шест лица се заразиле со корона во рок од 14 дена по концертот во Барселона, но инциденцата е помала од онаа што се гледа кај општата популација, пишува Би-Би-Си.

Околу 5.000 љубители на музиката учествуваа во експериментот откако добија негативен резултат од тест за корона. Тие носеа маски, но не мораа да одржуваат растојание едни од други.

 

 

Безбедносни протоколи

Од шесте лица кои се заразиле по концертот, научниците заклучиле дека четворица од нив се заразиле на друго место, а не на самиот настан.

Loading...

Борис Револо, вирусолог, кој учествуваше во дизајнирање на протоколи за безбедност во арената Палау Сант Џорди, рече дека не може категорично да исклучи дека другите две лица биле заразени за време на концертот, но дека постои голема можност преносот да се случил на друго место.

„Мерките што ги презедовме беа многу безбедни“, додаде тој.

Шпанските власти дозволија концертот „Love of Lesbian“ да биде дел од истражувачки проект за ширење на вирусот, а стапката на инфекција кај учесниците беше двојно помала од онаа на луѓето на иста возраст во Барселона, откриле истражувачите.

 

 

„Ништо не сугерира дека пренесувањето на вирусот се случило за време на настанот“, рече специјалистот за инфективни болести, Хосеп Марија Либре, на прес-конференција во вторникот.

Бендот што учествуваше во експериментот, Love of Lesbian, им се заблагодари на организаторите на настанот и на научните советници.

Loading...

– Се надеваме дека отсега, по овие одлични резултати, светот на културата ќе се слуша како што заслужува – објавија на Твитер.

Дводневен експеримент

Концертот е еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата, во време кога земјите ширум светот бараат нови начини за безбедно одржување јавни настани.

 

 

Сличен дводневен експеримент се случи во Холандија во март, во кој учествуваа околу 1.500 луѓе.

Заменик-градоначалникот на Барселона, Хауме Колбони, рече дека резултатите од студијата покажуваат дека е можно да се релаксираат мерките и да се рестартираат културните активности.

Loading...

Местото на одржувањето Палау може да прими до 17.000 луѓе, но 5.000 присутни минатиот месец не беа дозволени на трибините, туку  беа ограничени на подиумот за танцување.

 

Leave a Reply