По еден нов случај и по еден починат во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово во изминатото деноноќие регистрира вкупно два нови случаи на коронавирус.

Loading...

Како што информираше директорот на ЦЈЗ Куманово Ариф Љатифи, еден од случаите е од Општина Куманово, а вториот од Општина Липково.

Регистрирани се и два смртни случаи во кумановско-липковскиот регион. Во Општа болница Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, додека во Градска општа болница „8 Септември“ пациентка од Опае, Липково на 67 години, примена на 2 јуни.

Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 140

-Куманово 2

-Дебар 1

-Штип 6

-Тетово 19

Loading...

-Струга 5

-Велес 2

-Охрид 11

-Гостивар 4

-Свети Николе 1

-Ресен 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Loading...

Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од:

-Скопје 35

-Куманово 1

-Штип 6

-Тетово 1

-Струга 1

-Гостивар 1

Loading...

-Валандово 1

Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.

Leave a Reply