По долга пауза, Русија продолжи да извезува нафта во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

По долга пауза, Русија го продолжи извозот на нафта во Северна Кореја во декември минатата година, покажуваат податоците на ОН објавени вчера.

Loading...

До април Русија извезла 67.300 барели рафинирана нафта во таа земја, пренесува Ројтерс.

Како дел од санкциите против Пјонгјанг, земјите на ОН се обврзани да известуваат за месечната продажба на рафинирано нафта на Северна Кореја и да ги соопштуваат овие податоци до специјален комитет на Обединетите нации.

Северна Кореја сака блиски односи со Кремљ, а официјален Пјонгјанг ја поддржа Москва по рускиот напад врз Украина минатата година, потсетува британската агенција.

Последен пат Москва извезе нафта во Северна Кореја во август 2020 година.