По 11. пат „Дедо Мраз на мотор“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

По 11ти пат, Мото клубот „Мечки“ ќе ја организира манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ која и оваа година ќе биде под мотото „Тажните најубаво се смеат“.

Loading...
https://www.instagram.com/p/BrxRI_GFbBx/

Новогодишни пакети со храна, кумановските моторџии ќе однесат во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во петок во 12 часот, а час претходно дружба ќе организираат со сите граѓани на Куманово на градскиот плоштад, по што со своите мотори ќе продефилираат низ градот.

https://www.instagram.com/p/BrVGz4Plelc/

Манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ важи за една од најинтересните и најубавите во Куманово, а организаторите и годинава ги повикуваат сите заинтересирани да бидат дел од предновогодишниот хепенинг.

https://www.instagram.com/p/BrLD_yllThG/

Leave a Reply