Писториус призна дека Западот геостратешки заостанува зад Русија во Африка

Сподели со своите пријатели

Западот ги губи своите позиции во Африка, особено во Сахел, додека, во исто време, наративите и иницијативите на Русија успешно се консолидираат во целиот регион, изјави пред Бундестагот германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Loading...

Писториус истакна дека, без оглед на „руското присуство“, но можеби токму поради тоа, регионот останува стратешки важен.

Неопходно е да покажеме дека сѐ уште сме присутни таму и дека ќе бидеме присутни и во иднина“, нагласи тој.

Во исто време, министерот призна дека, и покрај меѓународната поддршка, ситуацијата во регионот Сахел не е подобрена.

Писториус тоа го поврза со почетокот на украинскиот конфликт, без да објасни како случувањата во Украина всушност влијаеле на африканскиот регион.

Министерот минатата недела беше во официјална посета на Нигер за да ја покаже својата поддршка за западноафриканската земја пред повлекувањето на германските сили од регионот Сахел.

Претходно, постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека односите на Русија со африканските партнери се развиваат и „тоа предизвикува љубомора кај оние земји кои ја сметаат Африка за свој „двор“, пренесува Спутник.