Пиштол и муниција запленети во возило во Ранковце

Сподели со своите пријатели

Во атарот на селото Радибуш, општина Ранковце, вчера пет минути по полноќ, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди 4“со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.И., а управувано од М.К.(26) од Скопје, а како сопатници биле Е.Л.(32) од Скопје и К.Т.(21) од Скопје.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „GAP“ калибар 9мм, пет куршуми и една рамка за пиштол, за кои немале никакви документи.

По наредба на Јавен обвинител, одземено било и возилото.

Лицата биле приведени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Image by Brett Hondow from Pixabay

Leave a Reply