Пирло: Не можете да доминирате во Лигата на шампионите 90 минути

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, откако го победи Динамо Киев во мечот од 5. коло во Лигата на шампионите (3:0), истакна дека е задоволен од пристапот на играчите. Тој исто така го пофали напаѓачот Алваро Мората, кој постигна еден од головите.

Loading...

– Ризикувавме на крајот на првото полувреме, но тоа е во ред. На овој турнир е невозможно да се доминира сите 90 минути играјќи против добри тимови. Тие се обидоа да го изедначат резултатот, а ние моравме да се браниме некое време, но во целина сум задоволен од пристапот на момците.

Мората пристигна во Јувентус многу млад. Тој се врати како многу позрел играч и личност по Мадрид и Лондон. Тој е среќен овде. Не е под притисок и ова му помага да ја покаже својата најдобра игра. Сакавме да го видиме во Јувентус и драго ни е што е тука, истакна Пирло.

Јувентус веќе го обезбеди пласманот во плејофот во елитното натпреварување.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply