Петрушевски обвинува за несоработка на полицијата со пајак службата, СВР демантира

Сподели со своите пријатели

Директорот на Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ Сашо Петрушевски денеска на седница на Советот на Општина Куманово истакна дека веќе два месеци полицијата не соработува со пајак службата.

Loading...

Како што вели во прите осум месеци динамината на работа била добра, но последните два месеци нема никаков контакт со надлежните од сообраќајната полиција.

– Немам никаква соработка со никој од органите во СВР Куманово, ни со раководителот на собораќајна ниту началникот. Ги барав за да се договриме како ќе настпауваме затоа што пред година дена иста таа полција фрлаше вина дека немаме соодветен пајак, сега имаме нов пајак спремни сме оперативно да извршуваме задача, разговаравме да работиме со два пајака добивме ветување дека ќе работиме, но началникот добил наредба да не работат два пајака, вели Петрушевски.

Вели дека полицијата дава наредба да се креваат само две до пет возила дневно и само се прават кругови низ градот.

Според него опструкцитие почнале кога Димитриевски објавил дека ќе формира партија.

– Пред два месеци добиле наредба полицајците кои се на пајак да дигаат две, три до пет возила сега вртат кругови не креваат возила, еден е материјалниот инпут, друго е пристапот на полицијата кон јавното претпријатие и сите неистомисленици. Откако градоначаникот објави дека ќе прави нова партија, тогаш соработката со полицијата се прекина, од тогаш ние немаме никаква комуникација од СВР Куманвоо, вели тој.

Додава и дека поради тоа јавното претпријатие трпи загуба од милио денари, а во меѓувреме од 10 региони препорачани за работа, пајакот оди само во два.

– Од луѓето во пајак служба и вработените имам информација дека од 10 региони препорачани за работа од стручни луѓе во СВР Куманово, изминатите два месеци работат само на два реона, максимално селективна работа и волјата на луѓето задолжени за јавен ред и мир и сообораќаен ред ја узрупирале полицијата, своите места и сега кон ЈП Куманово паркинг и кон граѓаните си прават забава, вели Петрушевски.

Loading...

Од друга страна Секторот за внатрешни работи вели дека постапува и презема мерки согласно законските надлежности.

– Ве информираме дека во летниот период на располагање имаше пајак возило кое не беше приспособено да ги трга сите непрописно паркирани возила. Полициските службеници од СВР Куманово секојдневно преземаат мерки и го регулираат сообраќајот но поради недоволен број на паркинг места на територија на Општина Куманово, оштетени коловози, а и капацитетот за носење на пајак возилото не може да се отстранат сите непрописно паркирани возила, велат од кумановската полиција во одговор кон Петрушевски.

Оттаму додаваат дека тргањето на непрописно паркираните возила не се одвива само во одредени реони, туку на сите места каде што е утврдено дека постои непрописно паркирање.

– Според податоците со кои располагаме во 2022 година со пајак возило биле подигнати 2.738 возила, додека од почетокот на 2023 до сега биле отстранети 4096 возила, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Никола Ивановски