Петмина загинати во пожари и невреме во Италија. Две лица изгореа во куќа на Сицилија

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа во Италија во невремето на северот и пожарите на Сицилија, поради што владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области.

Loading...

„Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби шеснаесетгодишно девојче во извиднички камп во Бреша (на север) и жена во Лисоне (во северот) кога врз неа падна дрво“, напиша премиерот Џорџија Мелони во порака на Твитер.

Град и дожд во Милано, ветерот корнеше дрвја, историскиот центар на градот привремено без вода

Силен ветер кој дуваше со брзина од 110 километри на час, силен дожд и град вчера рано утрото падна во Милано, економскиот центар на земјата, поплавувајќи ги улиците и откорнаа дрвја, кои во голем број паднаа на коловозот.

Локалното јавно транспортно претпријатие пријавило сериозни оштетувања на електричната мрежа, а новинар на АФП пријавил привремен прекин на водоснабдувањето во историскиот центар на градот.

На Сицилија избувнаа пожари, двајца пензионери изгореа во својата куќа

Додека на северот на полуостровот беснее невреме, југот го зафати топлотен бран со температура од 47,6 степени целзиусови, кој беше измерен во понеделникот во Катанија, Сицилија, соопшти локалната цивилна заштита.

Изгорените тела на двајца 70-годишни мажи биле пронајдени во куќа која била зафатена од пожар, а 88-годишна жена починала во близина на Палермо, пишуваа синоќа весниците.

Освен тоа, сицилијанските пожарникари се бореа со неколку пожари во вторникот вечерта, а еден пристигна во близина на аеродромот во Палермо, кој беше затворен неколку часа во текот на утрото.

Претседателот на сицилијанската област Ренато Скифани изјави дека ќе побара од владата, која заседава денеска, да прогласи вонредна состојба на медитеранскиот остров.

Loading...

Огромен град

Снимката објавена на социјалните мрежи покажува пожар во близина на автопатот во близина на Сиракуза и ги збунува патниците кои гледаат, додека на интернет се појави фотографија од необично парче мраз со дијаметар од 19 сантиметри што падна во Ацано Децимо, во близина на Порденоне, на североисток, во понеделникот вечерта.

Поради пожарот во прекин е и железничкиот сообраќај.

„Климатското нарушување што ја погоди нашата земја бара од сите нас, без исклучок, да го промениме нашето однесување“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.