Пет години затвор и 1,4 милиони долари казна: Украл необјавени епизоди на популарна серија

Сподели со своите пријатели

Британецот, кој бил уапсен како дел од познатата хакерска група „The Dark Overlord“, бил осуден во САД на 5 години затвор и парична казна од 1,4 милиони долари.

Loading...

Хакерската група „The Dark Overlord“ се прослави откако беше откриено дека украле се уште неприкажани епизоди на една од најпопуларните серии на платформата Нетфликс, „Orange is the New Black“, а потоа побарале откуп од компанијата да не ги објават на интернет.

Тие се поврзани и со кражба на голема количина лични податоци на болнички пациенти, кои исто така ги уценувале.

Тоа е прилично мистериозна хакерска група. Не е познато кој ја води, ниту колку членови има, а 39-годишниот Британец Нејтан Вајат е откриен откако полицијата, како дел од истрагата, го поврзала со телефонскиот број од кој ги уценувал жртвите.

Тој се изјасни за виновен пред судот за кражба на идентитет и компјутерска измама, се извини за своите потези и, наводно, рекол дека никогаш повеќе не сакал да гледа компјутери во животот.

Според Би-Би-Си, тој признал дека групата поседувала чувствителни податоци од разни компании, како и дека се заканувал дека ќе ги објави без да им бидат платени суми од 75.000 до 350.000 долари.

Иако ниту една компанија не се согласила на уцената, хакерот бил осуден да плати казна од 1,4 милиони долари.

Leave a Reply