Пет чекори со кои повеќе нема да ја мразите својата работа

Сподели со своите пријатели

Ако сте помислиле дека сте помеѓу ретките жени кои не ја сакаат својата работа тогаш грешите.

Истражувата покажале дека повеќе од половина од жените во светот се незадоволни од својата работа, примања, колегите и останатите сегменти кои учествуваат во работното секојдневие.

Некои работи едноставно не ги задоволуваат нашите амбиции и не гледаме место за напредок. Сепак, ако отказот или промената на професијата не се опција, обидете се да ги примените следнит епет совети за да своето работно опкружување го направите поподносливо или дури пријатно.

ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ: Дали се занимавате со професијата за која сте родени?

Loading...

Престанете да оговарате со колегите

Свесни сме за фактот дека секому му е потребен издувен вентил за да здивне од насобраниот стрес. Меѓутоа, оговарањето на надредените или другите колеги е токсично и првенствено лошо за вас. Ако баш не можете да издржите некому да се пожалите, разговарајте со пријателката која на никој начин не е поврзана со вашата работа и работното место.

Оговарањето со колеги и зачестените песимистични разговори ќе ја изгаснат вашата волја и желба за напредок, а и ќе станете огорчени и напнати затоа што вашето лоши мислење за некого може да излезе на виделина во секој момент.

Размислете за позитивните страни на вашата работа

Можеби тоа не е работата од соништата, но сигурно постои добра причина, освен финансиската, поради што сте се одлучиле токму за таа работа. Можеби вашата најдобра пријателка работи тука во зградата покрај вас, можеби за око ви се фатил згодниот доставувач. размилете добор и на парче хартија напишете ги сите доби работи кои ви ги донела работата која моментално ја имате.

Наградете се

Предизвикувајте се самите цела недела ниту еднаш да не се пожалите на својата работа или колегите. Секоја вечер пред спиење размислете зошто сте благодарни. Ако успешно го обавите овој ментален тренинг, наградете се со едно опуштање во спа, дома или со ташничката која ја гледате во излогот со недели.

7 знаци дека сте премногу паметни за професијата која ја имате

Пронајдете предизвик на работата

Сте влегле во рутина од која е тешко да се извлечете? Ве разбираме, но сега е време за скалило повеќе. Пронајдете дел од работата кој можете да го обавувате со својата секојдневна или размислете за начинот на кој би можеле да ја унапредите постоечката работа. Вашите надредени сигурно ќе бидат изненадени, а вам наскоро може да ви се насмевне унапредување или бонус.

Откријте го своето омилено хоби

Овој чекор ќе ви даде причина за секојдневна веселба. Било да е тоа учење на странски јазик, пилатес или, на пример, фотографирање, ќе бидете свесни дека по работата започнува вистинско уживање и неколку часа кои ќе ги посветите на унапредувањето и упознавањето на себе си и откривање на нешто ново и возбудливо.

Leave a Reply