ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ: Дали се занимавате со професијата за која сте родени?

Сподели со своите пријатели

Тест кој го сомилила др. Сусан Делингер ќе ви помогне да откриете повеќе за себе и професијата со која се занимавате. Имено, методата врз чија основа се базира овојт ест е идеална за препознавање на сопствените квалитети и недостатоци кои во работата не спречуваат да дојдеме до чувство на задоволство и зацртаните цели.

За да дознаете дали сте ја пронашле животната професија или што е најиделаното за вас во иднината, потребно е внимателно да ги погледнете овие форми и да ја изберете онаа која мислите дека најдобро ве претставува како личност.

 

Loading...

 

Круг

Најважни ви се меѓучовечките односи, односите во кои сакате луѓето околу вас да бидат среќни. Во состојба сте да ја стабилизирате групата и имате голем капацитет за емпатија, радост и болка за другите која ја чувствувате како сопствена. Но, вашите недостатоци како склоност кон зборување за другите, неодлучност, мрзеливост и самообвинување, често ве „јадат“ и не дозволуваат да пронајдете мир и признавање на успехот.

Типични професии: актерство, маркетинг, историчар, домаќинка, работник во меѓучовечки ресурси, наставник, угостител и писател.

Квадрат

Сакате да работите напорно и секогаш сакате да го завршите започнатото. Еден од вашите големи квалитети во сите животни ситуации е вашето трпение и методичност. Но, со оглед дека сте во состојба секој детал внимателно да го проверите, што ја успорува одлучноста, тешко дека ќе дојдете до положба на шеф. Поради доминантното користење на левата страна од мозокот која карактеризира логично размислување, никогаш не го слушате внатрешниот глас, туку сте во состојба да анализирате со часови за тоа како да дојдете до решение пред да ја слушнете ситуацијата.

Идеални професии за вас: книговодител, банкар, програмер, градежен работник, лекар, инжинер, секретар, возач и трговец.

Триаголник

Вие сте роден менаџер, лесно се насочувате на целта и бргу ја анализирате ситуацијата, бргу учите и апсорбирате нови информации како сунѓер. Имате голема самодоверба и сакате да бидете во право, така да не е изненадувачки што ви е тешко да признаете грешка. Вашата сила е контролата, критичноста, иновациите, прецизноста, визиите, амбициите, фокусот и склоноста за почитување на хиреархијата. Но, на патот кон високите цели ви пречат нетолеранцијата и самоориентираноста.

Идеални професии за вас: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар и синдикалец.

Правоаголник

Како и формата на праоваголникот, кој се создава од една форма во друга, така и вие постојано се обидувате да седите на две столчиња. Не ги препознавате своите особини и постојано барате излез од моменталната ситуација. Другите би ве опишале како збунети и луѓе со малку самодоверба. Од друга страна, вие сте лице кое поседува радозналост и храброст. Ќе се обидете да го направите она што никогаш претходно не сте го направиле и ќе поставите прашања за кои другите немаат храброст.

Идеални професии за вас: претприемач, аниматор, раководител на одделение, изведувач.

Цик-цак

Многу сте креативни, се ослонувате на фантазијата, имате способност да создадете урамнотежен пголед на светот и да ја видите неговата внатрешна убавина. Но, од друга страна, вие сте многу немирни и не можете долго да работите на едно место. Ви станува досадно, затоа што сте уверени дека ништо не е конечно, ниту со правила напишано. Иако лесно замислувате идеи, проблем е што ви е тешко да ги решите, затоа што повеќе ве интересираат можностите од реалноста.

Идеални професии за вас: уметник, дизајнер на ентериер, креатор, музичар, промотер, истражувач, столар.

Leave a Reply