Песков: САД се повеќе инвестираат во конфликтот во Украина

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека САД се сѐ поблиску да станат полноправна членка на конфликтот во Украина и дека тоа е исклучително опасно.

Loading...

Песков изјави дека руската страна изразува негативен став кон изјавата објавена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во која се наведува можноста Украина да го користи оружјето што го добила од САД на териториите каде што се одржа референдумот за обединување со Русија, јавува Тасс.

– САД де факто сè повеќе влегуваат во овој конфликт. Американската страна е се поблиску до тоа да стане полноправна членка во овој конфликт, а тоа е исклучително опасно, нагласи Песков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.