Песков: Повлекувањето на Русија од регионот Киев е гест на добра волја

Сподели со своите пријатели

Русија ги повлече своите војници од регионот на Киев по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, како гест на добра волја во преговорите со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

 

Кремљ најави воена парада на 9 мај

 

„Со цел да создадеме поволни услови за преговори, сакавме да направиме гест на добра волја. Можеме да донесеме сериозни одлуки за време на преговорите, па претседателот Путин им нареди на нашите војници да ја напуштат областа (Киев)“, рече Песков во интервју за Француски ТВ канал LCI.

 

Зеленски: Знаеме дека Русите се обидуваат да мобилизираат нови идиоти

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Тој нагласи дека Москва сака да ја прекине воената операција во Украина преку преговори и е заинтересирана за согласност на украинскиот претседател Володимир Зеленски за наведените услови, пренесува РИА Новости.