Зеленски: Знаеме дека Русите се обидуваат да мобилизираат нови идиоти

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на дополнителни санкции против Русија што ќе одговараат на тежината на нејзините воени „воени злосторства“ во Буча, каде што беа пронајдени тела на цивили по повлекувањето на руските сили.

Loading...

Зеленски во видео порака во вторникот вечерта рече дека украинските сили држат поголем дел од територијата што Русија се обидува да ја освои.

Тој рече дека ситуацијата е најтешка на истокот на земјата, во Донбас и Харков.

 

Кина: САД да покажат посветеност во решавањето на украинската криза

 

„Знаеме за обиди да се мобилизираат нови идиоти“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Русија испраќа нови сили за нова офанзива во Украина, рече тој.

Loading...

„Знаеме за обиди на руското раководство да мобилизира нови идиоти меѓу кадетите во воените училишта, луѓе со борбено искуство и регрути да ги испрати во крвопролевање во друга офанзива“, рече тој.

Руските сили „веројатно извршиле злосторства“ и во други делови на Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. „Она што го предвидовме, за жал, се случи и го видовме можеби само врвот на ледениот брег“, рече Псаки.

 

Тешките борби продолжуваат, а хуманитарната ситуација во Мариупол се влошува

 

Сликите, кои се појавија од Буча, предградие на украинската престолнина Киев, предизвикаа хорор ширум светот. Стотици цивилни тела беа откриени во текот на викендот, откако руските сили се повлекоа. Некои лежеа на улица со врзани раце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Претходно, Зеленски му рече на Советот за безбедност на ОН дека злосторствата извршени врз цивили во Буча не се изолиран инцидент.

„Светот сега виде што направи Русија во Буча, но светот сè уште не виде што направи во другите окупирани градови и региони на нашата земја“, рече Зеленски преку видео врска.

Loading...