Песков: Нема да им тргне од рака да го убијат Путин

Сподели со своите пријатели

„Ако се сеќавате, многупати се обидоа да го убијат Путин со зборови, и тоа на најразлични нивоа, за кои знаеме“, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето на новинарот Павел Зарубин – како ја коментира една од последните изјави на претседателот на Украина Володимир Зеленски во кој упати закани до рускиот претседател.

Loading...

„Ништо нема да им тргне од рака. Нема сомнеж дека ќе се постигнат сите цели и задачи на Специјалната воена операција“, кусо коментира тој.

Запрашан дали Украина ќе ја искористи шансата да го убие Путин, доколку се укаже таква можност, Зеленски, да потсетиме, за британски „Сан“ изјави:

„Ова е војна. И Украина има целосно право да се брани“.

Зеленски и претходно даваше слични изјави. Така, на пример, во декември минатата година тој за францускиот LCI изјави дека е подготвен да се соочи очи в очи со Путин, односно да „влезе во рингот“ со него.

Меѓутоа, бидејќи претседателот на Русија има црн појас во џудо, а е добар и во боречки вештини, но и редовно тренира, Зеленски не би имал шанса против Путин ниту на ова поле, пренесува RT Balkan.