Песков: Финското зајакнувањето на границата со Русија може да предизвика тензии

Сподели со своите пријатели

Активностите на Финска за зајакнување на границата со Русија се неосновани бидејќи Москва не претставува закана за нејзиниот сосед, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Таквата активност, напротив, создава закана за Русија и може да доведе до тензии, предупреди портпаролот на рускиот претседател, пренесе ТАСС.

„Нема конфликт како таков. Никој и ништо не и се заканува на Финска, а во овој случај ова е секако апсолутно прекумерна мерка за да се обезбеди безбедност на границата бидејќи нема закана и во реалноста нема тензија“, изјави Песков за новинарите, коментирајќи ги активностите на Финска за зајакнување на заштитата на границата со помош. на Полска.

„Ова е апсолутно неиспровоцирана и неоснована концентрација на вооружени единици на границата со Русија“, нагласи тој.

Како што истакна портпаролот на претседателот на Русија, „тензијата може да настане токму поради акумулацијата на дополнителни единици на границата“.

„Финците треба да бидат свесни дека акумулацијата на воени единици на нашите граници ќе претставува закана за нас“, објасни Пексов.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно денеска изјави дека Русија добила нота од Финска за нејзината одлука да го затвори последниот граничен премин од 30 ноември.

Во меѓувреме, некои медиуми објавија дека Полска планира да испрати војници во Финска за да помогне во заштитата на нејзината граница, пренесува Танјуг.

Loading...