Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниoт амбасадор на Италија

Сподели со своите пријатели

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италија, Андреа Силвестри, и на
церемонијата изрази уверување дека италијанската поддршка за реализација на нашата европска интеграција безрезервно ќе продолжи и во иднина.

Loading...

– Убеден сум дека почетокот на преговорите со Унијата не само што ќе придонесе за натамошно стабилизирање на состојбите на Западен Балкан, туку нам, како држава, ќе ни овозможат побрзо и поефикасно имплементирање на неопходните реформи, особено во сферата на борбата со организираниот криминал и високата корупција, истакна Претседателот во своето обраќање.

Посочувајќи дека пандемијата на КОВИД-19 е уште една потврда за потребата од обединета и солидарна Европа, претседателот Пендаровски изрази уверување дека во периодот што претстои двете земји ќе го продолжат позитивниот развоен тренд на односите и искажа интерес за јакнење на економските врски.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, новоименуваниот амбасадор на Италија го поздрави членството на Северна Македонија во НАТО и искажа силна поддршка за  нашите европски аспирации и спроведувањето на внатрешните реформи.

– Убедени сме дека Северна Македонија заслужува да ги отпочне овие преговори што поскоро. Сметаме дека првата Меѓувладина конференција треба да се одржи пред крајот на годината, и покрај потешкотиите предизвикани од пандемијата. Северна Македонија е спремна да ги отпочне преговорите и не треба да дозволиме билатералните прашања, од кој било тип и од каде и да потекнуваат, да го попречат процесот на преговори. Билатералните прашања треба да останат надвор од преговорите за влез и треба да се решаваат во соодветните форуми, истакна амбасадорот Силвестри.

Членството на Северна Македонија во НАТО не предвидува само заложби за гарантирање на безбедноста и мирот, туку и сојузничка солидарност, истакна амбасадорот Силвестри, потенцирајќи ја испораката на респиратори што НАТО минатиот петок ги донираше на Северна Македонија, за да помогне при справувањето со пандемијата и што пристигнаа во Скопје со авион на италијанското воено воздухопловство.

На новоименуваниот амбасадор претседателот Пендаровски му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција и изрази очекување дека неговото искуство ќе претставува значаен придонес за збогатувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Хатка Смаиловиќ

Loading...

Leave a Reply