ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има зголемена облачност и во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд, понекаде со ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент осум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Утринската температура ќе изнесува 20, а максималната дневна се очекува да достигне 38 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре и во среда во околината на кумановско ќе имаме уште потопло време. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 41 степен целзиусов.

Многу топло ќе биде и в четврток кога утринската температура ќе изнесува 23, а максималната дневна 39 степени целзиусови.

 

 

Петок исто така носи екстремно високи температури. Максималната дневна ќе изнесува 40 степени.

Loading...

За време на претстојниот викенд ќе имаме многу топло и стабилно време. И во сабота и во недела дневниот максимум ќе достигне високи 38 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на наредната недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply