Пеколен мај во Шпанија: Температури над 40 степени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Делови од Шпанија ги зафати топлотен бран кој донесе рекордно високи температури за месец мај.

Loading...

Шпанската национална метеоролошка агенција АЕМЕТ издаде предупредување за високи температури во 17 региони, а во градот Хаен во Андалузија се измерени 40,3 степени.

 

Америка влегува во ново партнерство со 13 азиски земји. Кина не е среќна поради тоа

 

Ројтерс пренесува дека луѓето на југот на Шпанија се обиделе да се освежат користејќи вентилатори, вода, па дури и „капење“ во фонтани.

Температурата од 40,3 степени е за 16 степени повисока од просечната во овој период од годината. Во останатиот дел од земјата температурите беа за најмалку 7 степени повисоки од нормалниот просек.

 

Loading...

Белгија стана првата земја што воведе карантин поради мајмунски сипаници

 

АЕМЕТ најави дека топлотниот бран може да биде еден од најинтензивните во последните 20 години. На многу шпански места температурата во раните утрински часови не се спушти под 25 степени.

И други земји се борат со топлотните бранови, вклучувајќи ги Индија и Пакистан, како и делови од САД како Тексас.