Пекинг: Руско-кинеската воена вежба го зајакнува партнерството на двете земји

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека претстојната поморска вежба на руската и кинеската армија „Заедничко море“ го зајакнува партнерството меѓу Пекинг и Москва и ја покажува решеноста на двете земји заеднички да одговорат на безбедносните закани во регионот и глобално.

Loading...

Заедничката вежба има за цел да ја демонстрира решителноста и способноста на двете страни заеднички да одговорат на заканите за поморската безбедност и да го одржат меѓународниот и регионалниот мир и стабилност, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

Како што е наведено, вежбата ќе се одржи во водите источно од морската област од Жоушан до Тајџоу, провинцијата Жеџијанг.

Министерството посочува дека интеракцијата меѓу кинеската и руската армија е доказ дека се продлабочува сеопфатното стратешко партнерство меѓу Пекинг и Москва.

Руското Министерство за одбрана во понеделник објави дека Русија и Кина ќе одржат заеднички поморски маневри од 21 до 27 декември.

Русија на вежбите ќе ја претставуваат предводникот на Пацифичката флота, крстосувачот Варјаг, фрегатата Маршал Шапошников, воените бродови Херој на Руската Федерација Алдар Циденжапов и Перфект.

Од кинеските поморски сили во вежбата ќе бидат вклучени два разурнувачи, два патролни брода, интегриран брод за снабдување и дизел подморница.

Министерството, исто така, објави дека, покрај бродовите, во вежбите ќе учествуваат и поморски авиони и хеликоптери на Пацифичката флота и морнарицата на Народноослободителната војска на Кина.

Loading...