Пчиња засега под просекот за мај

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња засега е под просекот за мај, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Последните мерења направи утринава кај мерната станица во селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесува 44 сантиметри, што е пад од три сантиметри во споредба со вчера.

Од почетокот на месецот водостојот на Пчиња бележи континуиран пад, така на 5ти мај водостојот изнесувал 54 сантиметри, за да од 8ми мај започне да опаѓа по неколку сантиметри на ден.

Просекот на водостојот за мај, според податоците на УХМР, изнесува 62 сантиметри.

Никола Ивановски

Leave a Reply