Пчиња далеку под просекот, браните Липково и Глажња со намалена количина вода

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња во кумановско подолг период е на минимум, а со помала количина вода се соочени и браните Липково и Глажња.

Loading...

Реката Пчиња според мерењата направени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи утринава во атарот на селото Пелинце, има водостој од 29 сантиметри, што е далеку под просекот за февруари од изминатите години, кој изнесувал 59 сантиметри.

 

фото: архива

 

Но, со намалена количина вода се соочени и браните Липково и Глажња кои го снабдуваат Куманово со вода за пиење.

Капацитетот на двете брани е исполнет само 40 отсто, а причината според надлежните од Јавното претпријатие Водостопанство „Кумановско – липковско поле“ е во подолгиот сушен период.

 

Loading...

 

Иако двете брани од следната година со вода ќе треба да снабдуваат уште една општина, односно општината Липково, сепак, директорот Оливер Илиевски нагласува дека кумановци не треба да се плашат, оти вода за пиење ќе има доволно за сите.

– Граѓаните на Куманово да не се плашат од тоа што ќе им даваме на јавното претпријатие и на општина Липково затоа што очекуваме според нашите пресметки да се издвојуваат околу 700 до 800 илјади метри кубни вода за пиење за Липково, додека Општина Куманово користи околу 7 до 8 милиони метри кубни вода годишно – нагласи Илиевски.

 

 

Како што посочи директорот зависно од временските услови, се очекува во наредниот период да се зголеми нивото на вода во двете акумулации.

Никола Ивановски

Loading...