Париз најавува нов сет на санкции на ЕУ против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија најверојатно утре ќе усвои нов пакет санкции на ЕУ против Русија, по извештајот за убиствата на цивили на северот на Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања, Клемент Бо.

Loading...

„Веројатно утре ќе бидат усвоени нови санкции“, изјави Бо во денешното интервју за радио РФИ, додавајќи дека ЕУ исто така треба брзо да реагира на увозот на гас и јаглен од Русија, пренесува Ројтерс.

 

Западна Африка се соочува со најлошиот недостиг на храна во историјата

 

Русија ги отфрли сите наводи за убиства на цивили, вклучително и оние за убиства на цивили во Буча.

Рускиот претставник во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Москва денеска ќе презентира „емпириски докази“ до Советот за безбедност на Обединетите нации, кои потврдуваат дека руските сили не биле вмешани во злосторствата, пренесува Танјуг.