Папата во автобиографија го осудува антисемитизмот во Европа

Сподели со своите пријатели

Неодамнешните и тековните акти на антисемитизам во Европа, по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, се срамни, рече папата Франциско во својата автобиографија, до кои има пристап АНСА.

Loading...

Папата истакна дека е особено срамно што претежно млади луѓе ги сквернавеле еврејските гробови или ја цртале Давидовата ѕвезда на еврејските куќи во неколку европски земји, откако на 7 октомври избија судирите меѓу Израел и Хамас.

Покрај тоа, папата ги отфрли информациите во американските медиуми дека има намера да ја реформира конклавата, собранието на кардинали што избира папи, за да вклучи монасите и мирјаните во процесот.

Автобиографијата на Папата „Животот. Мојата приказна во историјата“, напишана од новинарот од Ватикан Фабио Маркесе Рагона, ќе биде објавена од Харпер Колинс на 19 март во Италија и во 20 други земји низ светот.

Папата Франциско денеска изјави дека не е целосно закрепнат од бронхитис и благ грип и затоа неговиот говор го прочитал помошникот Филипо Шампанели.