Папата ги повика светските лидери да направат повеќе во борбата против климатските промени

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско рече дека топлотните бранови кои зафатија многу делови од светот и поплавите во земји како Јужна Кореја покажаа дека е неопходно уште поитно да се дејствува во борбата против климатските промени.

Loading...

„Ве молам, повторно ги повикувам светските лидери да направат нешто поконкретно за ограничување на штетните емисии“, рече Папата.

„Тоа е итна работа, итен предизвик, не може да се одложи, а се однесува на сите. Да го заштитиме нашиот заеднички дом“, додаде тој, пренесе Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Папата го повика светот да се откаже од фосилните горива што е можно поскоро, а заштитата на животната средина ја постави како основа на неговиот понтификат.

Планетата како „огромен куп ѓубре“

Во неговата енциклика Laudato Si (Пофалба) од 2015 година, тој напиша дека забележува дека планетата „сè повеќе почнува да изгледа како огромен куп ѓубре“.

Папата изрази солидарност со сите кои страдаат од последиците од климатската криза и со сите оние кои им помагаат полесно да ги надминат.

Јужните делови на САД беа зафатени од рекорден топлотен бран, а екстремни температури беа забележани и во Кина и јужноевропските земји, меѓу кои Италија и Грција.