Панорамската глетка од Марс остава без здив (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

НАСА објави спектакуларна панорамска фотографија од Марс направена од роверот „Perseverance“.

Loading...

Фотографијата е направена во областа каде што роботското возило слета минатата недела.

Работ на кратерот Езеро може да се види на фотографијата составена од неколку кадри направени од ова возило.

 

 

Научниците сметаат дека пред три и пол милијарди години на ова место се наоѓало длабоко езеро, во кое течела античка река.

Роверот направил 142 снимки со 360 степени користејќи уред со висока резолуција, монтиран на неговиот јарбол.

Loading...

„Ние сме во добра позиција од која забележуваме некои карактеристики многу слични на оние на „Спирит“, „Опортјунити“ и „Кјуроиосити“, три роботски возила кои слетаа на Црвената планета пред „Упорност“, пронајдени на местото на нивната слетување“, изрази задоволен Џим Бел од Универзитетот во Аризона.

 

 

Главната задача на „Perseverance“ е да пронајде траги од поранешниот живот на Црвената планета, собирајќи триесетина примероци карпи во текот на следните две години.

Камерите на „Perseverance“ ќе им помогнат на научниците да ја откријат геолошката историја, атмосферските услови во кратерот и да го утврдат составот на карпите и наслагите што ќе ги соберат и ќе ги донесат на Земјата во идната мисија планирана околу 2030 година.

 

Loading...

 

Уште во понеделникот, НАСА објави две исклучителни снимки направени од роверот, неверојатна снимка од спуштањето направена од сите агли и аудио-снимка на ветрот на Марс, првата звучна снимка од Црвената планета, снимена со помош на микрофон .

Leave a Reply