Паника во Хрватска по низа случаи на труење со газирани пијалаци

Сподели со своите пријатели

Во Хрватска четири лица се хоспитализирани поради сомнение за труење со газирани пијалаци – три во Загреб и едно во Риека.

Loading...

Полицијата врши увид и зема мостри од спорниот пијалок за понатамошна анализа и истрага.

Првиот пациент од КБЦ Загреб, откако имал поблаги симптоми по консумирање газирани пијалоци, бил отпуштен дома.

Утврдено е дека има благи ендоскопски повреди на непцето и на горниот дел од хранопроводникот.

Медиумите неофицијално дознаваат дека двајца пациенти од Загреб пиеле „кока-кола“. Пациент во Риека испил газирана вода „Ромеркел“.

Кај вториот пациент е утврдено дека нема повреди на хранопроводникот, а имал поблаги симптоми, изјави Мирјана Калауз, гастроентеролог во КБЦ Загреб.

Таа додаде дека и двајцата забележале печење и болки во устата и болка и отежнато голтање, кои се симптоми на „варење на корозивни агенси“, изјави д-р Калауз.

Хрватските лекари апелираат до граѓаните доколку испијат затруена течност да не пијат вода, сода бикарбона и слично, туку да се обратат на лекар.

Loading...

Хрватскиот институт за јавно здравје ги добил мострите од безалкохолни пијалоци кои санитарната инспекција ги доставила по истрага во кафуле во Риека каде на едно лице неодамна му се слошило, а резултатите од анализата ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.

Експертите тврдат дека е малку веројатно дека биле отруени само некои шишиња со газирани пијалоци.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош, на новинарско прашање дали граѓаните можат да бидат сигурни, одговори дека во моментов тоа никој не може да го каже и додаде дека најдобро е да се пие вода.

Гастроентерологот Рајко Остојиќ препорача граѓаните да ги избегнуваат сите газирани пијалоци и да пијат обична општинска вода.