Панел дискусија „Права на припадниците на заедниците – состојба, трендови и предизвици“

Сподели со своите пријатели

По повод 10 декември- Меѓународниот ден на човековите права во хотел Хилтон, денеска ќе биде одржана Панел дискусија „Права на припадниците на заедниците – состојба, трендови и предизвици“.

Loading...

Настанот со воведно обраќање ќе го отвори шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир.

Италијанскиот експерт Алесандро Симони ќе ги сумира резултатите од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“.

Говорници на првата панел сесија насловена „Состојбите на правата на заедниците“ ќе бидат Артан Груби –вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Мила Царовска – министер за образование и наука, Ана Чупеска – Универзитетски професор и Рубин Земон – експерт.

На втората панел сесија, насловена „Тренови и предизвици во остварување и заштита на правата на припадниците на заедниците“, ќе се обратат Еран Куртиш – директор на АОПЗ, Илхан Рахман – заменик министер во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и Илбер Села – директор на Агенција за примена на јазикот на РСМ.

Модератор во двете панел сесии е: Џелал Хоџиќ, заменик директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Завршниот настан на АОПЗ е дел од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, кој е поддржан од ЕУ и спореведуван заедно со германската консултантска куќа ГФА. см/са/

2020-12-10 06:51:16, од Симона Митровска

Loading...

Leave a Reply