Падна од даска за сурфање врз ајкула: Снимка која ги шокираше луѓето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалната мрежа Тикток се појави вознемирувачко видео снимено пред некој ден на брегот пред израелскиот град Хадера.

Loading...

Таму една ајкула била заинтригирана од даска за сурфање на која стоела девојка, а средбата со овој опасен предатор завршила со тоа што девојчето паднало од даската врз животното откако изгубила рамнотежа.

Девојчето веднаш почнало да плива кон брегот, додека ајкулата сосема неочекувано, веројатно збунета од ситуацијата, се свртела на другата страна и продолжила да плива.

 

@boaznamia Shark attack! #shark #sharkattack ♬ צליל מקורי – Boaznamia

 

Кој се исплашил повеќе, ајкулата или девојката, можеме само да претпоставуваме, но едно е јасно дека и двете од оваа ситуација излегле неповредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Инаку, на Тикток беше објавена уште една блиска средба меѓу ајкула и пливачите, но со многу посреќен исход бидејќи тројцата кои стоеја во вода до половината воопшто не се исплашија додека ајкулата кружеше околу нив дури и го снимија настанот.

Loading...

Како шлаг на тортата, сведочи и за тоа дека еден човек дури помислил малку да го погали опасниот предатор.

 

@boaznamia Straight to them..!! #shark #sharkattack #sea ♬ Shark Attack – Parry Music