Овој астероид би можел сите жители на Земјата да ги направи милијардери

Сподели со своите пријатели

НАСА започнува мисија за проучување на астероид за кој се верува дека содржи толку многу благородни метали што сите на Земјата би можеле од него да станат милијардери.

Loading...

Богатството што го носи ова небесно тело се проценува на околу 10.000 милијарди долари.

Откриен во март 1852 година, Psyche 16, карпата е широка 200 километри. Еден и пол век по откритието, астероидот ќе биде во фокусот на проектот на НАСА, кој се очекува да започне во август 2022 година.

 

 

Леталото на Американската вселенска агенција треба да пристигне на дестинацијата четири години подоцна, на почетокот на 2026 година.

Ова ќе биде прво истражување на метали наместо камен и мраз, што е вообичаена практика во мисиите на небесните тела.

Loading...

„За разлика од повеќето други астероиди што се карпи или ледени тела, научниците сметаат дека (металниот) астероид Psyche 16, тип М, главно се состои од железо и никел, слични на оние што се наоѓаат на Земјата“, вели НАСА.

Астероидот се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер. Се верува дека дел од протопланетата била уништена од бројни судири со други тела за време на формирањето на Сончевиот систем.

Тим во Калифорнија изработи мапа за температура која ќе им помогне на експертите на НАСА подобро да ги разберат својствата на површината на астероидот. Инфрацрвените слики на небесните тела обично даваат само фрагмент од податоци еквивалентни на еден пиксел, но истражувачите се надеваат на резолуција од 50 пиксели.

 

 

„Наодите се огромен чекор кон решавање на мистеријата за потеклото на овој необичен објект, за кој некои мислеа дека е дел од јадрото на протопланетата што немала среќа“, велат истражувачите задолжени за неодамнешните студии.

Откриле дека површината на астероидот е најмалку 30 проценти метал, а површинските карпи содржат и помали парчиња метал.

Loading...

Врз основа на снимките направени од телескопот „Хабл“, се проценува дека вредноста на скапоцените метали на астероидот е околу 10.000 милијарди долари.