Овие три вида чај значително придонесуваат за здравјето, покажуваат анализите на британските експерти

Сподели со своите пријатели

Истражувачите неодамна открија дека една до три шолји чај од камилица, шипка или нане дневно може да се поврзат со широк спектар на здравствени придобивки. Тие прегледале девет различни клинички испитувања на жени, споредувајќи ги оние кои пиеле билен чај со контролните групи, според Дејли мејл.

Loading...

Тие заклучија дека чајот од камилица ја намалува анксиозноста и несоницата кај жените кои страдаат од ПМС. Тие исто така откриле дека чајот од нане помага значително да се намали болката и вкочанетоста кај жените со остеоартритис.

 

 

Утврдено е и дека камилицата и нането, како и чајот од шипка помагаат при замор или „мозочна магла“, но и при краткотрајно губење на меморијата, што може да се случи по породувањето. Докажано е дека природните хемикалии од овие растенија го подобруваат метаболизмот на телото, го регулираат шеќерот во крвта и инсулинот.

Пиењето чај е особено популарно кај жените, од кои 35 проценти редовно пијат чај, додека околу 25 проценти од мажите го прават тоа.

 

Loading...

 

Камилицата е едно од најстарите лековити растенија во светот, кое датира уште од старите Египќани, кои ја користеле за лекување на настинки. Со текот на годините се користеше за лекување на кожни заболувања и треска, но беше откриено дека нуди голем број други здравствени придобивки во модерното време.

Неодамнешните истражувања на ова растение покажаа потенцијални придобивки во лекувањето на висок шеќер во крвта, стомачни тегоби, дијабетични компликации и анксиозни нарушувања. Камилицата е пофалена и за нејзините антиоксидантни, антимикробни, антиинфламаторни и антитромбоцитни ефекти за намалување на холестеролот.