Овие намирници би требало да ги имате во секојдневната исхрана

Сподели со своите пријатели

Според нутриционистите, храната која е полна со хранливи материи која му помага на нашето тело правилно да функционира и нѐ одржува во остварувањето на целите во текот на денот, дефинитивно треба да биде дел од вашата исхрана.

Loading...

Ова се основните намирници кои според нутриционистите треба да бидат составен дел од вашата исхрана:

 

 

Јајца

Јајцата се полни со протеини и може да се јадат во секое време од денот. Без разлика дали се јадат за појадок, ручек и вечера, може да се подготват на сто начини, пренесува Hayat.ba.

Имаше многу дискусии во текот на годините за здравствените придобивки од јајцата, но експертите на крајот заклучија дека јајцата се многу корисни бидејќи обезбедуваат микронутриенти, корисни антиоксиданси и помагаат во намалување на хипертензијата, вели нутриционистот Ким Роуз.

Loading...

 

 

Грав

Гравот се смета за една од најздравите намирници. Богат е со растителни влакна и помага во намалување на холестеролот, го одржува нивото на шеќер во крвта и го промовира здравјето на дигестивниот систем, пишува Eat This Not That.

Ленените семиња се сметаат за суперхрана бидејќи се полни со омега-3 масни киселини.

Тие делуваат на намалување на холестеролот и се одлични за доброто функционирање на мозокот и срцето.

 

Loading...

 

Грашок

Доколку сакате да внесувате повеќе растителни протеини, грашокот е вистинската храна. Не содржи масти и малку влакна.

 

 

Киноа

Loading...

Оваа житарка е полна со витамини, хранливи материи и протеини и е една од најздравите намирници.

Според Журналот за наука за житарици, консумирањето киноа може да му помогне на вашето срце, цревата и метаболичкото здравје.

 

 

Кељ

Loading...

И конечно, на листата на здрава храна неизбежно е и лиснат зелен зеленчук, а кељот е меѓу најздравите.