Овации за Зеленски во ЕП: Да се одбраниме од најголемата антиевропска сила во светот!

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел каде се сретна со лидерите на земјите од ЕУ.

Loading...

Кога се појави во Европскиот парламент, доби голем аплауз.

Во своето обраќање пред ЕП, Зеленски им се заблагодари што посветуваат толку големо внимание на Украина и на „големата борба за Европа“.

„Почитувани претставници, драги лидери на Европа, вие сте тука како лидери на Европа и претставници на граѓаните. Сето ова покажува што му дава модерна Европа на светот – европски начин на живот, европски правила. Тоа е начин на живот во кој секој од нас е важен, во кој владее правото, во кој луѓето се обединети“, рече тој.

„Сите Украинци, сите ние споделуваме заедничка европска историја. Се обидоа да нѐ уништат. Зошто? Сакаат да го уништат европскиот начин на живот и ние тоа нема да го дозволиме. Рускиот напад на Украина не е само за освојување на територијата на дел од Европа, не, станува збор за диктатор кој поседува огромни количини оружје. Кремљ намерно и цинично се обидува да ги уништи нашите вредности. Се браниме од најголемата антиевропска сила во светот, ние Украинците со ваша помош. Ви благодариме што ни помогнавте“, рече тој и повторно доби голем аплауз.

„Овој аплауз не оди до мене, ви благодарам за тоа, на сите што ја поддржуваат Украина – ви благодарам“, рече тој.

Тој, исто така, им се заблагодари на сите што протестираат против војната, кои не веруваат во лажните информации што доаѓаат од Русија и на сите што ја снабдуваат Украина со оружје.

„Немаше да успееме во оваа војна без ваша помош“, вели тој.

Loading...

Турнеја во Европа

Да потсетиме, украинскиот претседател европската турнеја ја започна со посета на Британија и Франција.

Ова е само негово второ патување во странство од почетокот на руската инвазија пред речиси една година.

Тој пристигна во Париз во средата вечерта, втората станица од неговата ненајавена европска турнеја, каде се сретна со францускиот претседател и германската канцеларка, која му вети натамошна поддршка.

Пред Париз, Зеленски беше во Лондон, од каде ги повика сојузниците да му испратат борбени авиони за да ја поразат Русија.

Истата покана ја испрати и од Париз. „Колку побрзо Украина добие тешко оружје со долг дострел, толку побрзо ќе добие авиони, толку побрзо ќе заврши руската агресија и ќе може да се врати мирот во Европа“, рече тој, според N1.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.