Оваа држава ќе ви плати 3.000 долари ако се заразите со коронавирус

Сподели со своите пријатели

Популарните дестинации ширум светот се обидуваат да ја вратат економијата, па затоа им нудат посебни аранжмани на туристите за да ги привлечат во нова ера на патување. Тие се определија за различни стратегии.

Loading...

На пример, Узбекистан им плаќа на туристите обештетување од 3.000 долари доколку за време на престојот во таа земја се заразат со коронавирусот, пренесува Си-Ен-Ен травел.

Канкун, град во југоисточно Мексико, започна кампања во која нуди две бесплатни ноќевања за секои две ноќи што ги плаќате. Покрај тоа, тие ги надоместуваат трошоците за еден авионски билет за да ги охрабрат посетителите да доаѓаат со придружба.

Хотелот Кејп Фан во Тајланд, првото приватно луксузно одморалиште на островот Кох Самуи, неодамна започна промоција „Купи 1, добиј 1 гратис“ за своите луксузни вили со базен.

Во Бугарија, лежалки, чадори и маси на популарните плажи се бесплатни.

Од друга страна, Швајцарија го претстави Geneva Tourism со „Женевски пакети“, каде попустите одат до 65%.

Кипар, кој ги отвори своите граници кон избраните земји и ветува дека ќе ги покрие трошоците за сместување, храна, пијалоци и лекови за посетители кои за време на нивниот престој на островот се заразиле од коронавирусот.

Leave a Reply