Ова се првични резултати од гласањето во Куманово!

Сподели со своите пријатели

Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија води по бројот на освоени гласови на денешните избори во Куманово.

Loading...

Според партиски, неофицијални информации кои ги довме околу 20:30 часот, Димитриевски има освоено околу 9.000 гласови, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјанвоска Давкова има 7.800, додека СДСМ и нивниот кандидат Стево Пендаровски има освоено околу 5.300 гласови.

Сепак, официјалното пребројување на гласовите од Државната изборна комисија, обработени се околу 60 изборни места во Куманово при што според нив водство има Бујар Османи со 23,97 отсто од гласовите, следува Димитриевски со 20,70, па Пендаровски со 12,69 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково крадел возила низ Скопје

Сепак мора да се напомене дека официјалните резултати многу доцнат, и се уште не се преброени поголемите населени места.

Поопширно наскоро…

Никола Ивановски