Ова се најскапите и најубавите возови во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Скоро сите имаме патувано со воз. Кога се во прашање нашите возови, подобро е тоа да не го коментираме, но кога ќе видите какви се постојат, ќе останете изненадени.

Ориент Експрес

Овој воз бил првата возна линија која ги поврзува истокот и западот. Многумина за него прв пат слушнаа откако Агата Кристи напиша книга под насловот „Убиство во Ориент Експрес“. Цената на билетот за возење со овој воз е од 1,160 долари.

https://www.instagram.com/p/BZxoOLAFak_/

Loading...

Источен и ориентален експрес

Овој воз повеќе наликува на хотел со пет ѕвездички отколку на превозно средство, а сообраќа од Сингапур до Малезија и Бангкок. Цената на место во него е од 2.217 долари.

https://www.instagram.com/p/BLRIUOfjRm5/

Синиот воз

Експресна линија која вози покрај преубавиот јужен брег на Јужна Африка. Патниците за време на возењето може да уживаат во погледот на антилопите, жирафите и биковите кои слободно лутаат низ саваните. Тоа задоволство чини минимум 740 долари.

https://www.instagram.com/p/BYoro1rBltH/

Златна кочија

Ова е еден од најубавите патнички возови во светот. неговата внатрешност неодолив потсетува на стилот на Синиот експрес, кој е во сопственост на британската кралица Елизабета. Цената за една личност е од 5.730 долари па нагоре.

https://www.instagram.com/p/BK4xyoSh0yD/

Ровос Рејлс Експрес
За 1.200 долари колку и чини најефтинит билет во овој воз, добивате луксузно доживување, кое вклучува и автомобил за обсервација со панорамски поглед на пределите кои ќе ве хипнотизираат.
Кралскиот Шкот
Овој извонредно удобен и луксузен воз патува околу Шкотска, а содржи дури и спа центар. За едно возење треба да издвоите дури 2.935 долари.
Махараџа Експрес
Во прашање е најскапиот воз во цела Азија. Направен е како копија на индиската кралска палата, сообраќа на изузетно долга релација, а цената за еден патник е неверојатни 6.840 долари. (минимум)
Руска империја
Најпознатиот и најлуксузниот воз кој сообраќа само еднаш годишно. Има три рути, а најефтиниот билет чини 5.274 долари.
Златниот орел
Се работи за најскапиот туристички воз во светот. Посредува дури и ресторан со клавир и библиотека, а билетот чини вртоглави 15.495 долари.