Ова се најскапите градови за живот во светот

Сподели со своите пријатели

Најскапите градови во светот се Париз, Хонгконг и Сингапур, кои на листата на списанието Економист го делат првото место.

Loading...

Според трошоците за живот во 133 градови ширум светот, овие три ја делат првата позиција, што се случува прв пат во 30 години долгата историја за анкетирање која ја спроведува списанието.

Во анкетата се споредуваат цени на секојдневни намирници, како леб, а потоа се следи дали цените растеле или опаѓале и се споредува со трошоците за живот во Њујорк, кој се користи како референтна вредност.

Париз од 2003 година е меѓу десетте најскапи градови и „екстремно скап“ за живот, наведува авторот на извештајот.

Просечната цена на женска фризура во Париз изнесува 119,04 долари, во споредба со 73,97 долари во Цирих и 53,46 долари во јапонскиот град Осака.

– Европските градови имаат најголеми трошоци за домаќинствата, личната нега, рекреација и забава, а Париз во сите категории е добар претседавач, наведува авторот.

Loading...

По Сингапур, Париз и Хонгконг следуваат Цирих, Женева, Сеул, Копенхаген, Осака, Сеул, Њујорк, Тел Авив и Лос Анџелес.

Leave a Reply