Ова се најдобрите ученици од Куманово и Старо Нагоричане за учебната 2022/23 (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска во Занаетичскиот дом на свечен настан им врачи признанија и награди на најдобрите ученици за генерацијата 2022/23 во Куманово и Старо Нагоричане.

Loading...

 

 

На манифестацијата награди им беа доделени на матуранти и полуматуранти од сите училишта во двете општини од страна на градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и од Здружението на просветни работници од градот.

 

 

Loading...

Во своите поздравни говори им посакаа да продолжат по патот на успехот и да станат академски граѓани кои Македонија ќе ја направат подобро место за живеење.

 

 

Наградените ученици не го криеја задоволството што делот од своето образование го крунисаа со ова признание како најуспешни меѓу своите врсници.

 

 

Loading...

– По девет години образование навистина ми е чест да го имам ова, но ако би им дала совет на сите други, би им препорачала да одат по свое. Ова не значи колку што луѓето мислат, важно е да го правиме она што го сакаме и што ни значи. Јас би сакала актерка да бидам некој ден. Прекрасно е чувството да бидам избрана, им посакувам среќа на сите ученици, вели Дарија Трендафиловска од првенец на генерацијата од ООУ „Магдалена Антова“ која своето образование ќе го продолжи во областа на медицината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно избирачко место во Куманово отворено со задоцнување

– Чест ми е да го претставувам моето училиште како првенец на генерација. Таа титула ми значи многу бидејќи го одбележува мојот труд за овие години и сите мои успеси, вели Анастасија Левковска ученик на генерацијата од ООУ „Христијан Карпош“ која своето образование ќе го продолжи во Гимназијата.

 

 

Мила Павловска е ученичка на генерацијата од Гимназијата „Гоце Делчев“ која иста награда има освоено и по завршување на своето основно образование. Вели дека би се вратила да го надополни образованието изгубено во онлајн наставата.

– Моето средно образование беше малку скратено, поминавме малку онлајн и за тоа ми е жал. Би сакала повторно да се вратам и повторно да ги поминам четирите години, но во клупи ако може, вели Павловска, која ќе се дообразува во областа на нутриционизмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка физички нападната на градскиот плоштад

 

Loading...

Најдобрите ученици од средните училишта во Куманово:

Мила Павловска – СОУ Гимназија „Гоце Делчев“

Орион Латифи – СОУ Гимназија „Сами Фрашери“

Јована Илиевска – СОУ „Перо Наков“

Џанета Ќерими – СОУ „Перо Наков“

Теодора Вељановска – ОСТУ „Наце Буѓони“

Арбер Алили – ОСТУ „Наце Буѓони“

Loading...

Анастасија Велковска – ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“

 

Најдобрите ученици од основните училишта во Куманово:

Анди Љатифи – ООУ „Бајрам Шабани“

Анастасија Ангеловска – ООУ „Браќа Рибар“

Аљмедин Бајрами – ООУ „Браќа Рибар“

Loading...

Муса Сулејмани – ООУ „Битолски Конгрес“

Милица Малиновска – ООУ „Битолски Конгрес“

Анѓел Николовски – ООУ „Вера Которка“

Теодора Колевска – ООУ „Вук Караџиќ“

Наиле Мустафи – ООУ „Јероним де Рада“

Loading...

Анѓела Цветковиќ – ООУ „Карпош“

Ангела Атанасовска – ООУ „Кирил и Методиј“

Мелек Миртезани – ООУ „Кирил и Методиј“

Илина Арсовска – ООУ „Кочо Рацин“

Симеон Апостоловски – ООУ „Крсте Мисирков“

Дарија Трендафиловска – ООУ „Магдалена Антова“

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој го нападнал својот син

Рритан Исмаили – ООУ „Наим Фрашери“

Ангела Мартиновиќ – ООУ „11 Октомври“

Анстасија Левковска – ООУ „Христијан Карпош“

Душан Петровиќ – ООУ „Толи Зордумис“

Деа Бислими – ООУ „Толи Зордумис“

Loading...

Матео Митевски – ООУ „Браќа Миладиновци“

Јосип Милковски – ООУ „Браќа Миладиновци“

Меланија Цветковска – ООУ „Браќа Миладиновци“

 

Најдобри ученици од општина Старо Нагоричане:

Никола Божиновиќ – ООУ „Светозар Марковиќ“

Тамара Даиловска – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – село Драгоманце

Давор Пешевски – ООУ „Христијан Карпош“ – село Младо Нагоричане

 

Вп продолжение фотогалерија од врачување на признанијата:

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски