Колку луѓе гласаа во првите два часа во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Излезноста до 9 часот на вториот круг претседателски избори во Куманово е 3,91%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Овој процент се базира на вкупно 98,79 отсто од обработени избирачки места.

Тоа е за нијанса поголема излезност од првиот круг, кога во исто време гласачкото право го оствариле 3,02 отсто.

Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Куманово имаат 93.508 избирачи.

На парламентарните избори своето гласачко право во првите два часа денеска го оствариле вкупно 3.624 гласачи, односно 4,25 отсто од лицата со право на глас.

Право на глас за парламентарните избори во Куманово имаат 93.635 избирачи.

Никола Ивановски