Ова се најдобрите аеродроми во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Бизнис инсајдер“ пренесува листа од најдобро оценетите аеродроми во светот. Поголемиот дел од нив ги надминува основните потреби на патниците и содржат вистински атракции.

Меѓународен аеродром Куала Лумпур, Малезија – Џунгла

Еден од најфрекфентните аеродроми, од своето отворање во 1998. година, посетителите ги воодушевува со џиновски дрвја и палми во внатрешноста на голема стаклена капсула на средината на аеродромот.

ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Аеродром кој е тајно место за масоните и слугите на ѓаволот (ВИДЕО)

Loading...

Меѓународен аеродром Хамад, Катар – Базен

Овој аеродром е отворен во 2014. година. Во својот комплекс има 25 метри долг базен. Отворен е за јавноста и влезницата чини 35 долари. Во цената се вклучени базен, џакузи и теретана.

Меѓународен аеродром во Сан Франциско, САД: Соба за јога

Патниците по напорниот лет можат да се опуштат во соба за јога на овој аеродром. Тука исто така се наоѓаат и музеј и болница.

Меѓународен аеродром во Дубаи, Обединети Арапски Емирати – Интерактивна зона за деца

Ово аеродром до 2008. година бил најголема зграда во светот врз основа на просторот кој го зазема на земјата. Содржи голем број продавници, ресторани, спа центри, простории за спиење. Меѓу нив се наоѓаат и зона за деца, која опфаќа интерактивни игри, качување на вештачки карпи, како и простор за семејна игра.

Монако, Ватикан… Што кога државата е премала за аеродром?

Меѓународен аеродром во Минхен, Германија – Лизгалиште

Ова е аеродром во Минхен, кој во текот на зимските денови отвора лизгалиште за своите патници.

Чанги аеродром, Сингапур – содржи буквално се!

Доколку се најдете тука, молете се авионот да ви задоцни. Имено, овој аеродром важи за најдобар во светот. Поседува базен на кровот, неколку рибници и езерца опкружени со цвеќе, водопади, градина на сончогледи, тобогани, како и луксузен хотел.

Leave a Reply