Ова е најсмртоносното животно во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Доколу мислевте дека најопасните животни се ајкулите, лавовите или нешто слично – се лажете.

Најсмртоносните животни на планетата Земја се баш инскети – комарци. Тие се како крлежи, т.н. вектори т.е. пренесувачи на различни видови заболувања.

Овие двокрилни инскети живеат во сите подрачја во светот, а има над 3.000 видови распространети се од тропските до ладните северни предели.

Комарците се најсмртоносните животни на светот. Убиваат стотици илјади луѓе секоја година, а најчувствителни се децата и бремените жени. Ниту едно други животно годишно не убива во толкав број, ниту пак предизвикува болест кај луѓето.

Само некои од болестите кои ги пренесуваат се Западен Нил, маларија, денга и грозница, Зика вирусот, а климатските промени во вид на зголемени просечни вредности ан температурата и проммени на количината на врнежи влијае на нивната се поголема распространетост.