Ова е најскапиот парфем во светот

Сподели со своите пријатели

Кога сакате да купите нешто најскапо во светот, веројатно ќе одите во Дубаи, бидејќи таму можете да најдете такви работи.

Loading...

Овој емират е познат по својот вкус за се скапо и гламурозно, а во центарот на нашето внимание денеска се наоѓа „The Spirit of Dubai Parfums by Nabeel“. Во прашање е парфем, кој многумина сакаат да го пробаат, но ретки се оние кои добиваат таква шанса, поради неговата цена која надминува над милион долари. Како вистински епитет на лускуз, овој мирис со себе носи неверојатна доза на декаденција.

Се што се поврзува со него опишано е како ексклузивно и екстравагантно, започнувајќи од неговото официјално претставување во грандиозната Армани балска сала Бурџ Калифа, па се до листата на луѓе кои таму присуствувале.

Човекот кој бил задолжен за креирање на овој парфем, Асгар Адам Али, основач на „Nabeel Perfumes Group“ рекол: „Немав визија да креирам парфем кој е само олицетворение на личноста на Дубаи во едно монументално дело, туку сакав да создадам мирис кој е олицетворение на врвен луксуз на нашата планета“.

Loading...

Дали и вие сега сте се запрашале како мириса парфемот од милион долари? Па можеби, неговите состојки ви даваат некаква идеја, тој содржи ноти на јантар, сандаловина, индиски агарвуд, мошус, турска роза, пачули, јланг-јланг. Според некои тврдења, тој на кожата останува до дванаесет часа, додека облеката може да мириса и до триесет дена.

Leave a Reply