Ова е една од најбогатите земји во Европа, но е досадна за крадците. Еве и зошто! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За прв пат по речиси 170 години, во Шведска не е забележан грабеж на банка.

Loading...

Со оглед на високо насилната природа на организираниот криминал во оваа скандинавска земја, претходната реченица звучи прилично неверојатно.

 

 

Сепак, одговорот е едноставен – нема смисла да се ограбуваат шведските банки бидејќи во филијалите и трезорите нема повеќе готовина.

Цели сектори, како што е јавниот транспорт, веќе воопшто не прифаќаат кеш.

Општо земено, постои голема шанса шведските продавници, ресторани, музеи, хотели, разни услужни дејности и јавни институции да не примаат кеш, односно дека клиентот ќе остане без стоки или услуги доколку нема некаква форма на дигитално плаќање.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра

Единствени институции кои се законски обврзани да примаат готовина при плаќање се болниците.

Во неодамнешното истражување спроведено од шведската централна банка, се покажа дека само осум отсто од граѓаните последното купување го платиле со монети или банкноти.

Тој процент пред само десет години изнесуваше дури 40 проценти.

Дури и постарите, за кои се смета дека тешко ги прифаќаат дигиталните иновации, во голема мера престанаа да користат готовина.

Повеќето шведски граѓани никогаш не држеле големи банкноти, како што се 500 или 1.000 круни, и честопати немаат поим ни како изгледаат.

Во принцип, сосема е нормално и вообичаено во Шведска да живеете со години без ниту една паричка во џеб.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Дури и пластичните кредитни и дебитни картички брзо исчезнуваат и се заменуваат со дигитални и мобилни верзии, како и разни други форми на инстант дигитално плаќање.

Аналитичарите очекуваат дека за околу петнаесет години готовината целосно ќе изумре и дека Шведска, веројатно првата во светот, ќе стане општество без готовина.

Loading...

Готовината се гледа како непотребен трошок и безбедносен ризик, како и постојана цел за фалсификување.

Покрај тоа, дигиталните трансакции полесно се контролираат.