ОВА Е БАКСУЗ: Го злоставувале во детството, му починале таткото и двете деца, хеликоптер му се урнал врз пабот…

Сподели со своите пријатели

„Имав неколку трауматски искуства во текот на мојот живот. Бев малтретиран како дете; татко ми беше претепан до смрт во неговиот стан во 1996 година; Ги изгубив моите близнаци во триесеттите кога мојата девојка абортираше. Никогаш не разговарав со никого за тоа.

Loading...

Кога дојде ноќта на катастрофата, јас веќе имав толку многу ставено преку грбот и сето тоа го закопав во себе. Беше петок во ноември 2013 година и мојата сопруга беше во Абердин тој викенд.

 

 

Отидов со пријател во паб во Глазгов на свирка. Имаше еден куп луѓе. Потоа, во 22:25 часот, се слушна силен тресок“, ја започнува својата исповед за „Гардијан“, Мајкл Брн, еден од преживеаните во ужасната катастрофа, кога летало се урнало во паб во Шкотска и убило десет луѓе.

Одеднаш, вели тој, сè што имало на неговата лева страна веќе не постоело.

„Стоев на милиметри подалеку од хаосот, но поминав недопрен.Гледајќи ја прашината и остатоците кои паѓаат околу мене, се почувствував како да сум во снежна топка. Првата мисла беше дека автомобил изгубил контрола и удрил во кафулето или едноставно покривот пропадна. Почнав да им помагам на луѓето колку што можев, сè изгледаше како воена зона. Насекаде имаше тела на луѓе, а другите изгледаа како да се во шок“, се сеќава Мајкл.

Loading...

Кога успеал да излезе, го прашал лекарот од Брзата помош што се случило и на неговото објаснување дека хеликоптер паднал во пабот, само се насмеал, не верувајќи дека тоа навистина може да се случи.

 

 

„Се сеќавам дека му реков: „Не биди смешен другар“. Вакви работи не се случуваат. Потоа ги видов пропелерите на полицискиот хеликоптер како ѕиркаат од зградата. Имал проблем со системот за гориво и само ни падна на глава додека бендот беше на средина на песната. Сите преживеани се собраа во хотелот спроти улицата. Не и се јавив на жена ми, бидејќи мислев дека бидејќи е во друг град, нема ни да знае што се случило. Знам дека ќе звучи чудно, но подоцна со другар ми отидовме во друг паб на пијачка. Не сакав да одам во празен стан. Следното утро кога се разбудив, видов многу пропуштени повици. Јас и реков: „Не доаѓај дома, добро сум и не сакам да ти го уништам викендот“. Во понеделникот се вратив на работа, и на личен и на професионален план – тоа беше една од моите најголеми грешки во животот“, вели Мајкл.

Дополнителни проблеми му создале медиумите за несреќата што следела тие денови.

„Десет луѓе загинаа, а јас некако поминав без гребнатинка. Решив дека никогаш повеќе нема да зборувам за тоа. Во тоа време бев директор на организација за домување во Глазгов и секој пат кога некој ме прашуваше дали сум добро, јас мислев дека ќе пукнам во солзи. Но, бидејќи не сакав никој да ме види како плачам, се заклучував во канцеларијата и се обидував да туркам од ден на ден. Речиси една година по таа несреќа, имав итна операција бидејќи лекарите ми открија тумор во грлото.Тогаш мојот син се роди во 2016 година. Беше убав, но тежок момент. Поради сопственото детство мислев дека нема да бидам добар татко, па почнав да се дистанцирам од сопругата и синот“, вели Брн.

 

Loading...

 

Сепак, неволјите не завршија тука. Во 2017 година доживеал сообраќајна несреќа и се она за што молчек со години дошло по наплата.

Ударот на таа несреќа ме врати во хеликоптерската несреќа, па од моите очи излегоа страшни сцени – од несреќата до сеќавањето на смртта на татко ми. Секој пат кога гледав хеликоптер, скокав во засолништето. На крајот барав помош. Ми беше дијагностицирано сложено посттрауматско стресно растројство и конечно морав да преземам контрола над моите чувства“, додава Мајкл.

На терапија, како што вели, научил да зборува за своите чувства и да ги прифаќа.

„Сè уште сум со сопругата и таа навистина ми помогна во тоа. Таа и мојот син ми се најважни. Туморот беше успешно отстранет и сега сум во подобра здравствена состојба. Посреќем сум од кога било. Сега водам организација која има за цел да ја промени културата на менталното здравје на работното место и си ветив дека ќе го живеам животот во потполност во следните неколку децении. Се што ми се случи можеби изгледа како страшна несреќа, но ме прави најсреќен човек на светот“, заклучи Брн.

 

Loading...