18.06.2018 00:27

ОТКРИЕНО ПО 30 ГОДИНИ: Зошто Симпсонови се жолти?


Еден од продуцентите на серијата „Симпсонови“ откри одговори на некои од најголемите мистерии – зошто е семејството жолто, но и зошто токму Спринфлид.

Мајк Рис на култната серија работи од почетокот на нејзиното емитување од 1989 година, а сега издаде книга „Springfield Confidential: Jokes, Secrets, and Outright Lies from a Lifetime Writing for The Simpsons“ во која дава одговори на некои од прашањата кои фановите најчесто ги поставуваат.

Куќата на „Симпсонови“ навистина постои (фото)

Зошто се жолти?

Рис вели дека препознатливата жолта боја на ликовите дошла сосема спонтано. Бојата за оргиналните ликови на Мет Грејнинг ја пронашол поранешниот аниматор на шоуто, а Рис објаснува дека тоа го направил поради бизарните фризури кои децата во серијата ги имаат.

– Барт, Лица и Меги немаат воопшто коса, односно нема воопшто линија која ја оделува нивната кожа од косата. Па аниматорите избраа жолта која е како косата, а повторно и како кожата, рекол тој.

Зошто живеат во Спрингфилд?

Рис во книгата вели дека името на градот е позајмено од ситкомот „Father Knows Best“ од педесетите години на минатиот век, а Грејнинг го избрал поради генеричноста. Открил и занимливости за непостоечката локација на градот.

– Спринфилд има океан на источната и на западната страна. Еднаш рековме дека Источен Спрингфилд е три пати поголем од Тексас, а во една епизода Хомер наутро со лопата чисти снег па попладне лежи во мрежа и пие лимонада на сонце. Тоа го поставува прашањето: На која планета е Спрингфилд?

Го стопирала полицијата па тој извадил возачка од Хомер Симпсон (ФОТО)

loading...

Зошто името на семејството се јавува зад облак во воведната шпица

Фановите на серијата се навикнати на шпицата, но би можеле да се изненадат зошто е таква. Рис објаснува дека, кога шоуто прв пат е емитувано, гледачите првин го виделе само првиот дел одс зборот – The Simps, пред да биде откриен остатокот.

– Првин го гледате првиот дел од зборот – The Simps, пред да се покаже остатокот. Па што? Па, Симпс е скратено од simpletons – за глупи луѓе како оние кои ги гледате во серијата, напишал тој.

Како ги добиле имињата?

Хомер и Марџ ги добиле имињата по реални луѓе – творецот Мет Грејнинг ги користел имињата на своите родлите како инспирација за фикционалниот ситком пар. Лиса и Меги биле пак имиња на неговите сестри, а Барт бил негова инвенција – од анаграмот на зборот „брат“.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments