Го стопирала полицијата па тој извадил возачка од Хомер Симпсон (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден Британец веројатно ја влошил ситуацијата во која се пронашол, кога на сообраќајните полицајци по еден сторен прекршок им покажал дозвола со ликот на Хомер Симспон, неговите податоци и потпис.

Куќата на „Симпсонови“ навистина постои (фото)

Loading...

Полицијата поради прекршокот го стопирала мажот во непознат модел на возило во Милтон Кинз, а тој извадил лажна возачка дозвола на име Хомер Симспон, со фотографија на која Хомер држи флава како да разговара со своето познато „D’oh“ и адреса во американскиот град Спрингфилд.

Истетовирал 203 ликови од серијата „Симпсонови“ (видео)

Полицијата на Твитер ја објавила фотографијата од лажниот документ, а работата да биде полоша, се испотавило дека дури и адресата е „лажна“, односно дека семејството Симспонови во познатата цртана серија не живее на внесената адреса.

Како е соопштено, возилото е запленето, а возачот е приведен поради возење без осигурување и прописна дозвола.

Leave a Reply