Откриени 59 нови егзопланети

Сподели со своите пријатели

Астрономите во Шпанија открија 59 егзопланети, од кои четири би можеле да се населат како Земјата.

Loading...

Егзопланетите се небесни тела кои орбитираат околу ѕвездите и се наоѓаат надвор од Сончевиот систем.

Според некои проценки, експертите досега пронашле повеќе од 5.300 вакви планети во галаксии кои се помалку или повеќе оддалечени од Сонцето.

Шпанските медиуми јавуваат дека научници од Шпанија ја набљудувале најблиската соларна галаксија со помош на моќен телескоп.

Набљудувањето се водело повеќе од две години пред да бидат објавени резултатите.

Истражувачкиот тим анализирал 362 ѕвезди надвор од нашиот Сончев систем, кои се поладни и помалку масивни од Сонцето и го утврдиле најпрецизниот број на планети кои ги следат овие „црвени џуџиња“, чии карактеристики наликуваат на Земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Сепак, ова истражување е само почеток на подлабока анализа на универзумот.

„Ако ја споредиме галаксијата со градот во кој живееме, тоа би значело дека истражувањето го спроведовме само во нашата станбена зграда, дури и не излеговме да го истражуваме соседството“, рече главниот автор на студијата, Ињаси Рибас.

Loading...

Тој истакна дека две од потенцијално населивите планети се наоѓаат во Сончевиот систем Тигарден, оддалечени 12,5 светлосни години од нашата планета.

Уште две небесни тела, како што покажаа претходните истражувања на шпанските експерти, се откриени околу ѕвездата GJ 1002, која е оддалечена од Земјата помалку од 16 светлосни години.

„Четирите новооткриени планети, според собраните податоци, имаат најголеми сличности со Земјата“, вели Рибас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Покрај откривањето на нови егзопланети, експерти од Шпанија додека го проучувале космосот откриле многу важни податоци кои би можеле да бидат вредни за идните истражувања.

Повеќе од 200 специјалисти од 11 шпански и германски институции учествуваа во истражувањето, како што се Центарот за астробиологија, Институтот за астрофизика на Андалузија, Институтот за астрофизика на Канарските острови и Универзитетот Комплутензе во Мадрид, како и шпанскиот Германски астрономски центар Макс Планк.