Откриена мистериозна темна бура на Нептун

Сподели со своите пријатели

За време на рутинското годишно следење на времето на планетите од нашиот Сончев систем, телескопот „Хабл“ на НАСА открил нова голема мистериозна сина бура на Нептун.

Loading...

Како и на Земјата, и на Нептун има годишни времиња кои се условени од некои специфични карактеристики во неговата атмосфера. Меѓутоа, годишните времиња на Нептун се многу подолги. Не траат со месеци, туку и со децении.

Новиот поглед на Нептун покажува темна бура која е откриена во септември 2018 година на северната хемисфера на Нептун и која е широка 11.000 километри.

Денос од темната дамка која се гледа на фотографијата на НАСА, се гледаат бели „облаци“.

Се појавува за време на јужното лето на планетата. Не е јасно како овие бури се формираат, но набљудувањата на телескопот веќе во 2016 година покажале зголемена активност на облаци кои претходеле на вртлогот. Фотографиите укажуваат на тоа дека вртлозите веројатно се развиваат подлабоко во атмосферата на Нептун, станувајќи влидиви дури кога врвот на бурата ќе дојде на поголема височина.

Тоа е четврт и најнов мистериозен темен врглот кој „Хабл“ го има уловено од 1993 година. Уште две темни бури откриени се во 1989 година.

Студијата ја водел Универзитетот Калифорнија, а се проценува дека темната дамка се појавува на четири до шест години на различни географски широчини, а изчеснува по околу две години.

Leave a Reply